Admir Fazlagic
07 Август 2020•Ажурирај: 08 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија регистрирани се 155 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата зсе искачи на 11.554, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати две лица, со што вкпната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус се искачи на 519.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 127 оздравени пациенти од Ковид-19. Со ова бројката на оздравени пациенти од овој вирус во земјата изнесува 7.607, додека во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.428.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 111.791 тестирања на овој вирус.