Muhammed Emin Canik,Fuat Kabakcı
08 Август 2020•Ажурирај: 09 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС
Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.079 лицa, во Индија 933 лица, а во Мексико 794 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.079 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 99.572 лицa.
Во земјата се откриени уште 50.230 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 2.962.442.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 2.068.394.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Индија
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 993 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 42.518.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 61.537 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 2.088.611.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 1.427.005 лица.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 794 лица.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 51.311.
Во Мексико се откриени уште 6.717 нови случаи, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 469.407.
Досега во земјата се излекувани 313.386 лица.