Балкан, Коронавирус

Косово: Починаа 12 лица, откриени уште 190 случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 443 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово се направени вкупно 40.184 тестирања за вирусот

Furkan Abdula  | 08.08.2020 - Обновена : 09.08.2020
Косово: Починаа 12 лица, откриени уште 190 случаи на Ковид-19

ПРИШТИНА

Во Косово починаа уште 12 пациенти како последица на заразување со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на смртни случаи во земјата порасна на 315, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.

Во соопштението се вели дека се детектирани уште 190 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на заразени со коронавирусот во земјата се искачи на 10.059.

Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 443 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово се направени вкупно 40.184 тестирања за вирусот.

Од коронавирусот во Косово излекувани се вкупно 5.802 лица. Моментално има 3.942 активeни случаи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın