Muhammed Emin Canik,Emel Gözellik
09 Август 2020•Ажурирај: 10 Август 2020
БУЕНОС АИРЕС
Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 905 лицa, во Индија 935 лица, а во Мексико 695 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 905 лицa, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 100.477 лицa.
Во земјата се откриени уште 49.970 случаи, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи порасна на 3.012.412.
Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 2.094.293.
Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.
- Индија
Во соопштението на Министерството за здравство на Индија се вели дека поради Ковид-19 во земјата починале уште 935 лица, со што вкупниот број на починати во земјата се искачи на 43.453.
Исто така, во последните 24 часа во земјата се откриени уште 64.399 случаи со овој вирус.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани случаи во Индија порасна на 2.153.010.
Досега во земјата од Ковид-19 се излекувани 1.480.884 лица.
- Мексико
Според податоците на Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа од вирусот починале уште 695 лица.
Со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголеми на 52.006.
Во Мексико се откриени уште 6.495 нови случаи, со што вкупниот број на откриени случаи во земјата порасна на 475.902.
Досега во земјата се излекувани 318.638 лица.