Furkan Abdula
01 Јуни 2022•Ажурирај: 02 Јуни 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 87 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 312.022, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 3 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.306.
Институтот за јавно здравје регистрира 141 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 302.202.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 514.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.384 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.056.061 тестирање.