Oktaj Omeragikj
31 Октомври 2022•Ажурирај: 01 Ноември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите три дена во Северна Македонија се регистрирани 71 нов случај на зараза со коронавирусот (Ковид-19), зголемувајќи ја вкупната бројка на заразени од почетокот на пандемијата во земјата на 344.146. Од новозаразените случаи, 10 се реинфекции, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните три дена не се пријавени смртни случаи предизвикани од заразеност со Ковид-19. Согласно со Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин, не се пријавени починати лица. Билансот на смртни случаи во земјата од почетокот на заразата изнесува 9.564.
Институтот за јавно здравје регистрираше 86 оздравени пациенти од Ковид-19. Досега оздравеа вкупно 334.335 лица кои претходно биле позитивни на коронавирусот.
Во моментов, бројот на активни случаи на зараза со Ковид-19 во земјата изнесува 247.
Министерството за здравство информира дека во последните три дена се реализирани 819 тестирања за Ковид-19, вкупно 2.183.292 од почетокот на пандемијата на Ковид-19 во земјата.