Diyar Güldoğan
31 Октомври 2022•Ажурирај: 02 Ноември 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Туркије, Реџеп Таип Ердоган, најостро го осуди „грозоморниот“ неодамнешен терористички бомбашки напад во Сомалија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ниту една причина не може да биде изговор за убивање невини цивили, деца кои одат на училиште, луѓе кои се молат во џамии“, рече Ердоган на состанокот со верските претставници во Анкара.
Пред два дена се случија два одвоени крвави терористички напади во центарот на Могадишу, а одговорноста за нападите ја презеде терористичката организација Ал Шабаб.
„Сторителите на грозоморниот терористички напад, што ги однесе животите на повеќе од 100 наши браќа и сестри во Сомалија, немаат апсолутно никаква врска со исламот, шеријатот или човештвото“, додаде Ердоган.
Ердоган упати порака со сочувство до Сомалија и народот на таа африканска земја и додаде дека Туркије ќе продолжи со поддршката за братска Сомалија.
„Сите овие терористички организации, без разлика дали се нарекуваат ДЕАШ, Боко Харам или ФЕТО, се девијантни структури кои ја злоупотребуваат нашата религија за свои валкани цели“, рече турскиот претседател Ердоган.