Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 394 нови случаи на Ковид-19
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 9 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.821
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 394 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 91.555, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 9 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.821.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 387 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 80.008.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 8.726.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.236 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 448.031 тестирање.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.