Furkan Abdula
12 Февруари 2021•Ажурирај: 13 Февруари 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 367 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 96.518, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 5 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 2.971.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 202 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на излекувани изнесува 87.324.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 6.223.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.596 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 482.026 тестирања.