Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 425

Furkan Abdula  | 11.06.2021 - Обновена : 12.06.2021
Северна Македонија: Во последните 24 часа регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 20 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.507, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 2 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.470.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 30 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 149.612.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 425.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.885 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 826.661 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.