БОГОТА
Епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за голем број смртни случаи во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во последните 24 часа пандемијата на Ковид-19 е причина за смртта на 2.504 лица во Бразил, 227 во Мексико, 669 во Аргентина, 573 во Колумбија, 241 во Перу, 198 во Чиле, 46 во Еквадор, 74 во Боливија, 134 во Парагвај, 27 во Гватемала и 46 во Уругвај.
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 2.504 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 482.019.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 88.092, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 17.210.969.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 15.670.754 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 227 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 3.672 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 229.580 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 2.445.538. Досега во оваа земја оздравеа 1.948.267 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 669 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 83.941. Во истиот период детектирани се 27.628 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 4.066.156.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 3.639.402 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина според бројот на лица позитивни на вирусот се наоѓа на 9. место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 573 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 94.046.
Во последното деноноќие детектирани се 29.302 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 3.665.137. Во оваа земја досега оздравеа 3.409.076 заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е 12. земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 241 лице од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 1.819 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на 1.995.257, од кои животот го загубија 187.847 лица, а оздравеа над 1.952.027 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото земја во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 198 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 30.339.
Во истиот период регистрирани се нови 7.716 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.453.478, а оздравеа вкупно 1.376.335 лица претходно заразени со коронавирусот.
- Еквадор
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Еквадор, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 46 смртни случаи, вкупно 20.949 од почетокот на пандемијата.
Во истиот период детектирани се 2.153 новозаразени, така што вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 436.023.
Досега во Еквадор оздравеа 398.645 лица што биле позитивни на коронавирусот.
- Боливија
Министерството за здравство на Боливија соопшти дека во последното деноноќие се детектирани 74 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а бројката на новозаразени изнесува 3.233.
Вкупниот број на заразени во оваа земја изнесува 400.047, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 15.321. Досега оздравеа 315.304 лица позитивни на коронавирусот.
- Парагвај
Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Парагвај, во последните 24 часа во земјата се регистрирани 134 смртни случаи како последица на заразувањето со Ковид-19, а детектирани се 2.758 лица позитивни на коронавирусот.
Вкупниот број на лица кај кои е детектиран Ковид-19 изнесува 384.989, додека бројката на смртни случаи предизвикани од Ковид-19 се зголеми на 10.412.
Досега оздравеа 316.857 лица позитивни на коронавирусот.
- Гватемала
Според вестите објавени во медиумите во Гватемала, во последните 24 часа регистрирани се 27 смртни случаи предизвикани од заразувањето со Ковид-19, вкупно 8.388 од почетокот на епидемијата на коронавирусот во оваа земја. Во истиот период детектирани се 1.785 новозаразени, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 267.447.
Досега во оваа земја оздравеа 243.191 лице кои биле заразени со коронавирусот.
- Уругвај
Уругвајските медиуми објавија дека во последното деноноќие во оваа земја починале 46 лица од последиците на заразувањето со коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи достигна 4.862.
Во истиот период детектирани се 3.667 лица позитивни на Ковид-19, вкупно 330.027 од почетокот на пандемијата.
Во Уругвај досега оздравеа 289.754 лица заразени со Ковид-19.