Husamedin Gina
16 Август 2021•Ажурирај: 17 Август 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија тестирани се 3.480 примероци сомнителни на новиот тип на коронавирусот (Ковид-19), од кои 296 биле позитивни, зголемувајќи ја вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот на 162.457, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период регистрирани се 8 починати од последици на Ковид-19, со што билансот на смртни случаи од вирусот во земјата се искачи на 5.560.
Институтот за јавно здравје на Северна Македонија соопшти дека во последното деноноќие од Ковид-19 оздравени се 109 пациенти, вкупно 150.960 од почетокот на пандемијата.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 5.937.
Министерството за здравство информира дека досега во земјата се спроведени тестирања на вкупно 1.065.772 случаи сомнителни на Ковид-19.