Rabia İclal Turan
16 Август 2021•Ажурирај: 17 Август 2021
АНКАРА (АА) - Во светот досега се аплицирани повеќе од 4,7 милијарди дози од вакцините против коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Порталот „Ourworldindata.org“ објавува ажурирани податоци во врска со процесот на имунизација против коронавирусот во светот.
Во имунизацијата во предност е Кина во која се дадени 1,85 милијарди дози од вакцините против коронавирусот.
Индија е втора, со повеќе од 543,85 милиони дози вакцини, потоа следуваат САД со околу 355,77 милиони. Во Бразил се аплицирани над 163,45 милиони дози, додека во Јапонија бројката на дадени дози вакцини изнесува 108,18 милиони.
Во меѓувреме, Германија има аплицирано над 97,26 милиони дози вакцини, по која следува Велика Британија со 87,63 милиони дози.
Според податоците на турското Министерство за здравство, Турција има администрирано повеќе од 84,07 милиони дози.
Речиси 44,2 милиони луѓе во Турција добија една доза вакцина, додека 33,1 милион примија две дози.
Поголемиот дел од вакцините против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројот на вакцини не е еднаков со бројот на лица што се целосно вакцинирани.
Во Франција се администрирани повеќе од 79,84 милиони и во Индонезија 81,41 милион дози вакцини, а по нив следуваат Мексико, Италија, Русија и Шпанија.
Според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“, бројот на заразени со Ковид-19 низ целиот свет сега изнесува над 207,2 милиони, а регистрирани се повеќе од 4,36 милиони смртни случаи.