Furkan Abdula
30 Ноември 2021•Ажурирај: 01 Декември 2021
СКОПЈЕ
Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 460 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 215.585, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 7 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, се пријавени 5 починати лица со датум на смрт од 02.10.2021 до 27.11.2021. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.581.
Институтот за јавно здравје регистрира 543 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 200.003.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 8.001.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.424 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.471.420 тестирања.