свет, Коронавирус

Нови ограничувања за Ковид-19 стапија на сила во Велика Британија

- Вкупниот број случаи со новата варијанта Омикрон во Велика Британија достигна 14 лица

Ekip  | 30.11.2021 - Обновена : 01.12.2021
Нови ограничувања за Ковид-19 стапија на сила во Велика Британија

ЛОНДОН

Во Велика Британија стапија на сила нови ограничувања за да се намали ширењето на новата омикрон-варијанта на коронавирусот, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Маските се сега задолжителни во транспортот и во продавниците, но не и во угостителските објекти. Меѓународните патници мораат да направат ПЦР-тест до вториот ден по нивното пристигнување.

Околу десет земји во јужна Африка се на црвената листа во Велика Британија, што значи дека патниците од овие држави мора да платат за да останат во хотелски карантин.

Во понеделникот, британската Влада соопшти дека ќе ја зголеми кампањата за бустер-доза од вакцините против Ковид-19 за сите на возраст над 18 години.

Британскиот премиер, Борис Џонсон, претходно кажа дека мерките ќе се разгледаат по три недели.

Џонсон денес напиша на Твитер: „Мерките што денес стапуваат на сила се пропорционални и одговорни и ќе ни купат време до соочувањето со новата варијанта.“

„Вакцините и бустерите остануваат нашата најдобра одбранбена линија, па така поважно од кога било е луѓето да се појават кога ќе им биде дозволено да ја примат бустер-дозата“.

Шкотскиот министер за здравство, Хумза Јусаф, изутрина објави дека уште три нови случаи на варијантата Омикрон се потврдени во Шкотска.

Бројот на случаите со новата омикрон-варијанта во Велика Британија се искачи на 14.

Џонсон ќе одржи прес-конференција за Ковид-19 ова попладне.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.