свет

Според ОН, 37 отсто од светското население сѐ уште нема пристап до интернет

Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) го објави извештајот кој содржи нови податоци за користењето на интернетот во светот

Bayram Altuğ  | 01.12.2021 - Обновена : 02.12.2021
Според ОН, 37 отсто од светското население сѐ уште нема пристап до интернет

ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), специјализираната агенција на Обединетите нации (ОН) во областа на информатичките и комуникациските технологии, соопшти дека 2,9 милијарди луѓе, што одговара на околу 37 отсто од светското население, сѐ уште воопшто не користат интернет, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) го објави извештајот кој содржи нови податоци за користењето на интернетот во светот.

Во извештајот се нагласува дека употребата на интернет стана широко распространета поради затворањата за заштита од епидемијата на Ковид-19 и дека најсиромашните земји во светот сѐ уште заостануваат во однос на користењето на интернетот.

Меѓу другото, извештајот на ИТУ откри силен глобален раст на користењето на интернет, при што проценетиот број на луѓе кои користат интернет се зголеми од 4,1 милијарда во 2019 година на 4,9 милијарди во 2021 година.

Исто така, се наведува дека зголемувањето на користењето на интернетот е добра вест за глобалниот развој и дека бројките потврдуваат дека постои голема нееднаквост во користењето на интернетот низ светот.

Околу 96 отсто од 2,9 милијарди луѓе кои моментално немаат пристап до интернет, живеат во земјите во развој, а стотици милиони од 4,9 милијарди корисници на интернет ретко се поврзуваат на интернет и имаат мала брзина на поврзување.

Коментирајќи го извештајот, генералниот секретар на ИТУ, Хулин Жао, рече: „Со оглед на тоа што моментално речиси две третини од светската популација има пристап до интернет, треба уште повеќе да се направи за сите да можат да се поврзат на интернет.“

Жао вети дека ќе работи со сите страни за да им овозможи на 2,9 милијарди луѓе да користат интернет.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.