Kemal Karadağ
05 Август 2026•Ажурирано: 05 Август 2026
Претседателот на Големото национално собрание на Турција (ТБММ), Нуман Куртулмуш, во врска со Предлог-законот за зајакнување на националната солидарност и општествената кохезија изјави: „Работата што се спроведува под покривот на нашето славно Собрание претставуваше единствен пример за демократија што го обединува државниот разум и мудроста на народот во иста цел“, пренесува Анадолу.
Куртулмуш во изјавата објавена на неговиот профил на социјалните мрежи соопшти дека предлог-законот за зајакнување на националната солидарност и општествената кохезија, обликуван согласно со извештајот подготвен од Комисијата за национална солидарност, братство и демократија, бил доставен до Претседателството на Големото национално собрание на Турција.
„Работата што се спроведува под покривот на нашето славно Собрание претставуваше единствен пример за демократија што го обединува државниот разум и мудроста на народот во иста цел“, изјави Куртулмуш.
„Оваа работа, која ги обедини различните политички сфаќања на толку значајна заедничка основа, е важна фаза што ќе ја зацврсти внатрешната тврдина на нашата земја во насока на целта „Турција без тероризам“ и дополнително ќе го зајакне нашето национално единство и братство. Веруваме дека овој чекор, со промената на политичката и идејната клима, во вториот век на нашата Република ќе ѝ понуди на нашата земја нови можности и перспективи, ќе овозможи зајакнување на нашата демократија, зголемување на благосостојбата на нашиот народ и зацврстување на довербата и братството, отворајќи ја вратата кон еден нов период“, додаде тој.
Куртулмуш им се заблагодари на политичките партии кои придонесоа во процесот, на претставниците на граѓанското општество кои со своите мислења и предлози дадоа вреден придонес во работата, како и на медиумските работници кои го следат процесот со разумност и одговорност. Тој нагласи дека најголемата благодарност ја заслужува турскиот народ, кој со своето трпение, проникливост и поддршка застана зад заедничката иднина на Турција.
Нуман Куртулмуш посака предлог-законот за зајакнување на националната солидарност и општествената кохезија да биде од корист.