Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Бројот на аплицирани вакцини против Ковид-19 надмина 800.000

„Во државата вкупно се аплицирани 800.168 дози вакцини, а ревакцинирани се 318.900 граѓани“

Furkan Abdula  | 23.07.2021 - Обновена : 24.07.2021
Северна Македонија: Бројот на аплицирани вакцини против Ковид-19 надмина 800.000

СКОПЈЕ (АА) - Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека заклучно со вчера, во земјата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) се аплицирани над 800.000 дози вакцини, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на ова министерство се вели дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

„На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 481.268 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 6.385 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 19.274 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 800.168 дози вакцини, а ревакцинирани се 318.900 граѓани“, се наведува во соопштението.

„Со последните бројки, 62 отсто од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина, 59 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 54 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 44 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, се додава во ова соопштение.

Се истакнува дека граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постоечките вакцинални пунктови низ државата.

Процесот на теренска вакцинација, според соопштеното, се одвива на територијата на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

„Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во градовите Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Скопје“, се нагласува во соопштението.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање нагласувајќи дека тоа е единствен начин да се успее во борбата против коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.