Балкан, Коронавирус

Во последните 24 часа во Северна Македонија регистрирани 36 нови случаи на Ковид-19

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 265

Husamedin Gina  | 23.07.2021 - Обновена : 24.07.2021
Во последните 24 часа во Северна Македонија регистрирани 36 нови случаи на Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 36 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 156.017, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие не се регистрирани нови починати лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата остана ист, односно изнесува 5.489.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 150.263.

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 265.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.569 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 944.747 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın