Ekipa
02 Ноември 2020•Ажурирај: 03 Ноември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 565 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што бројката на евидентирани случаи на овој вирус од почетокот на епидемијата се искачи на 32.997, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека од последици предизвикани од Ковид-19 починати се 21 лице, со што вкупната бројка на смртни случаи во земјата се искачи на 1.025.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 154 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од овој вирус во земјата изнесува 21.244.
Во Северна Македонија бројот на активни случаи на Ковид-19 изнесува 10.728.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Северна Македонија се направени 1.325 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се реализирани вкупно 253.173 тестирања.