Oktaj Omeragikj
10 Август 2021•Ажурирај: 11 Август 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија тестирани се 5.809 примероци сомнителни на новиот тип коронавирус (Ковид-19), од кои 518 биле позитивни, зголемувајќи ја вкупната бројка на лица позитивни на коронавирусот на 158.681, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период регистрирани се 4 починати од последиците на заразеност со Ковид-19, со што билансот на смртни случаи од вирусот во земјата се искачи на 5.513.
Институтот за јавно здравје на Северна Македонија соопшти дека во последното деноноќие од Ковид-19 оздравени се 31 пациент, вкупно 150.587 од почетокот на пандемијата досега.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 2.581.
Министерството за здравство информира дека досега во земјата се спроведени тестирања на вкупно 1.028.102 случаи сомнителни на Ковид-19.