Malik Hasa
03 Март 2017•Ажурирај: 03 Март 2017
ТИРАНА (АА) - Денес во Тирана се одржа протест пред македонската амбасада во Албанија, под мотото „Против дискриминацијата на Албанците во Македонија“, јавува Anadolu Agency (AA).
Членови на Младинскиот форум на Партијата за правда, интеграција и единство (ПДИУ) протестираа по последните случувања во Македонија, каде што претседателот на државата одби да му го даде мандатот за формирање влада на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Зоран Заев.
Демонстрантите вееја албански знамиња и транспаренти со натписите: „Албанци засекогаш“, „Горд сум што сум Албанец“, „Соживот и еднаквост“, „Еден народ, еден став“, во знак на солидарност со Албанците од Македонија.
Потсетуваме, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов не му го даде мандатот на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, кој обезбеди доказ дека има 67 пратенички потписи за формирање на нова влада. Претседателот Иванов истакна дека нема да му го додели мандатот „на секој оној што преговара за платофрми на други држави, со кои се уценува македонскиот народ, се загрозува унитарноста на државата, нејзиниот суверенитет и независноста."
Ова предизвика и реакции меѓу политичарите во Албанија, премиерот Еди Рама и претседателот на Собранието, Илир Мета.