Ekip
03 Март 2017•Ажурирај: 04 Март 2017
ПРИШТИНА (АА) - Благодарение на тоа што Косово не е член на неколку меѓународни безбедносни организации, меѓу кои и Меѓународната криминалистичка полициска организација (ИНТЕРПОЛ), претставува прв избор за бегство на членовите на терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, околу 190 земји членуваат во организацијата ИНТЕРПОЛ, којашто се занимава со превенција на криминалот, потиснување на криминалот, следење обвинети, откривање со кого контактираат криминалците, нивно фаќање, апсење и екстрадиција.
Косово, кое не е член во ниту една меѓународна безбедносна институција, е една од земјите во која криминалците слободно можат да се скријат. Оваа специфичност на Косово овозможи да стане важна дестинација, особено за членовите на ФЕТО по 15. јули, односно по неуспешниот обид за државен удар во Турција, поради стравот од можноста за приведување.
Во Косово, покрај гимназиите, основните училишта и градинките, студенските домови и невладините организации, за кои се тврди дека имаат блиска соработка со ФЕТО, со организацијата соработуваат и економски организации благодарение на кои членовите на ФЕТО многу лесно успеваат да создадат животен и работен простор за себе. Членовите на ФЕТО лесно пристигнуваат во Косово бегајќи од Турција, бидејќи меѓу двете земји постои безвизен режим.
- Купуваат куќи
Членовите на ФЕТО за многу мал финансиски надоместок, лесно можат да отворат фирма во Косово и да добијат работна дозвола, по што поднесуваат барање до Министерството за внатрешни работи на Косово и добиваат дозвола за престој во земјата. Некои од членовите на ФЕТО кои добиваат животни и работни услови во Косово, планираат подолг период да живеат во земјата и купуваат куќи.
Меѓу лицата што купиле куќа во Косово е и поранешниот истражен судија на Касациониот суд, Серкан Ајдин, за кого има судска одлука да биде доведен на распит во врска со ФЕТО.
Со купопродажниот договор за недвижен имот, склучен на 14. септември 2016 година, со една компанија во Косово, Ајдин купил стан во подрачјето наречено Калабрија во Приштина. Во договорот, како адреса на живеење на Ајдин е наведен градот Тетово, Македонија.
Од друга страна, се дознава дека куќа во Косово купил и претставникот на „Доган холдинг“ за Анкара, Барбарос Муратоглу, кој под обвинение за „помагање на терористичка организација“ во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО/Паралелна државна структура, беше приведен на 15. декември 2016 година од страна на Кривичниот суд во Истанбул.
Според купопродажниот договор склучен на 24. октомври 2016 година, се дознава дека купениот стан се наоѓа во Приштина, главниот град на Косово.