Gorana Jakovljevic
03 Ноември 2024•Ажурирај: 04 Ноември 2024
БЕЛГРАД (АА) - Неколку стотици граѓани се собраа на платото пред старата железничка станица во Белград, главниот град на Србија, поради трагедијата во Нови Сад во која поради уривање на конструкцијата на железничката станица загинаа 14 луѓе, известува Анадолу.
Повикот за протест беше објавен на Инстаграм на неформалната група „SviĆe“, а активистот Никола Ристиќ, еден од организаторите, е приведен во полициската станица Савски венец.
Организаторите ги повикаа граѓаните да донесат црвена боја на протестот во кеси, лименки, балони, кофи, компресори за боење или нешто слично, нагласувајќи дека ќе ја употребат.
Насобраните граѓани протестот го започнаа со едноминутно молчење. На протестот е побараа оставка од Горан Весиќ, министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија.
Граѓаните на протестот пред полицајците кои не ги пуштија да се приближат до зградата ги истакнаа рацете обоени во црвено. Оттаму тргнаа кон зградата на Владата на Србија, каде оставија црвени отпечатоци од своите дланки за симболично да им кажат на властите дека нивните раце се „крвави“.
Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Злосторство, а не трагедија“, „Корупцијата убива“, „За одговорните, погледнете во огледало“ и извикуваа „Оставка“.
При уривање на конструкција на железничката станица во Нови Сад во петокот животот го загубија 14 лица, а најмладата жртва имаше само шест години.
Тројца повредени се во тешка состојба и хоспитализирани се во Клиничкиот центар „Војводина“ во Нови Сад.