Балкан

Претседателот Пендаровски упати писмо до патријархот Вартоломеј

„Како претседател на мојата земја, сакам лично да Ве информирам дека како држава, изминативе три години, решивме да го искористиме времето во наша полза и да ги оставиме зад нас историските несогласувања“, се вели во писмото на Пендаровски

Admir Fazlagic  | 20.09.2020 - Обновена : 20.09.2020
Претседателот Пендаровски упати писмо до патријархот Вартоломеј ( Foto: Arhiva / Anadolu Agency )

СКОПЈЕ

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, по повод почетокот на Новата црковна година, упати писмо до вселенскиот патријарх Вартоломеј во Истанбул, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот Пендаровски, во писмото претседателот на Северна Македонија истакнал дека му претставува чест да му се обрати на патријархот Вартоломеј и да ги изрази своите желби по повод почетокот на Новата црковна година.

„Историјата вели дека треба постојано да се сообразуваме со времето и да го користиме во полза на благосостојбата на луѓето. Вселенската патријаршија е пример за тоа како може да се остане доследен на вредностите, а истовремено да се биде динамичен во соочувањето со тековните предизвици. Како претседател на мојата земја, сакам лично да Ве информирам дека како држава, изминативе три години, решивме да го искористиме времето во наша полза и да ги оставиме зад нас историските несогласувања“, се вели во писмото на претседателот Пендаровски.

„Ви се обраќам во името на голем дел од моите сограѓани коишто се идентификуваат како православни христијани и чија единствена желба и потреба е да се смират со своите ближни и да се упатат кон заедничката иднина, кон соживотот и кон вистинската слобода“, пишува во писмото и се истакнува:

„Во оваа насока би сакал да упатам барање до Вашата Сесветост да го уважи повикот на нашиот благочестив народ и на нашата Црква да го употребите своето апелационо право, со што нашите граѓани од православна христијанска вероисповед, конечно, ќе ја добијат можноста да бидат еднакви со сите останати православни христијани во светот.
Ви посакувам здравје среде големата неизвесност со здравствената криза што го зафати целиот свет.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.