Ahmet Sait Akçay
23 Февруари 2017•Ажурирај: 24 Февруари 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за правда денес го повика новопоставениот јавен правобранител на САД, Џеф Сешнс да го испорача главниот осомничен за организирање на неуспешниот обид за државен удар во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Бекир Боздаг истакна дека враќањето на Фетула Ѓулен во Турција ќе придонесе во голема мера за развивање на билатералните односи меѓу двете земји.
Ѓулен е водач на терористичката организација ФЕТО, која стои зад обидот за државен удар во Турција, во кој загинаа 248 лица. Тој живее во САД од 1999 година.
Во писмото до Сешнс, кој на 8. февруари беше назначен за минситер за правда на САД, Боздаг изјави:
„Искрено верувам дека заслужено ќе ја исполните оваа одговорност со Вашето длабоко професионално искуство и одличната кариера во правото и дека пријателските односи меѓу нашите земји ќе продолжат за време на Вашиот мандат“. Испорачувањето на Ѓулен ќе придонесе во голема мера за развивање на билатералните односи меѓу двете земји“.
Во писмото до Сешн, Боздаг додава: „Според билатералните договори меѓу нас, финализирањето на процесот на привременото апсење и брзата екстрадиција се важни“.
„Затоа, би сакал да истакнам дека нашата искрена соработка против сите видови на терористичка закана за нашите земји, ќе ги подобри нашите моментални билатерални односи“.
Терористичката организација ФЕТО води долготрајна кампања со цел соборување на власта преку инфилтрирање во турските државни институции.