Vesna Besic
20 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
САРАЕВО (АА) - Во последните 24 часа во Хрватска евидентирани се 197 нови случаи на вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи денес изнесува 2.138, објави Штабот за цивилна заштита, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Меѓу нив 281 пациент се на болничко лекување, од кои 21 се на респиратори. Починаа четири лица.
Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај на коронавирусот во Хрватска, до денес евидентирани се вкупно 14.922 заразени со новиот коронавирус, од кои 248 починаа, а вкупно 12.536 оздравеа, од кои 183 во последните 24 часа.
Во самоизолација моментално се 9.475 лица. До денес се тестирани вкупно 258.864 лица, од кои 4.384 во последните 24 часа.