Fatjon Cuka
27 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
ДРАЧ (АА) - Премиерите на земјите од регионот се собраа во албанскиот град Драч на неформална средба на тема „Интеграција на регионалната економија“, додека во фокусот на нивната средба беа темите околу европската интеграција на земјите од Западен Балкан, јавува Anadolu Agency (AA).
По завршување на средбата, премиерот на Албанија, Еди Рама, еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, како и другите премиери учесници на средбата, одржаа прес-конференција, осврнувајќи се на темите како регионалната соработка, особено ставајќи акцент на економската интеграција, движењето на Берлинскиот процес и др.
Рама истакна дека реализирале еден корисен состанок правејќи биланс на движењето на проецсот на формирање на регионална економска зона, гледајќи ги сите аспекти на овој процес.
„Разговаравме за односите и заедничкото движење на патот кон члество во ЕУ. Разговаравме за иницијативите кои се во процес, како и за туризмот, кој во целиот регион оваа година имаше подобри бројки, но постои можност да се направи повеќе. Разговаравме за земјоделството и зголемувањето на размените во овој аспект. Најблиската иницијатива до реализација е формирање на центарот за одржлив технолошки развој во Црна Гора, која силно ја поддржуваме“, рече Рама.
Еврокомесарот Хан нагласи дека на средбата дискутирале за економската интеграција во регионот и она што е реализирано досега.
„Тоа што е реализирано досега е импресивно. Многу е зголемена трговијата во земјите од регионот. Важно е да нагласиме дека кога се зборува за земјите од Западен Балкан, во Албанија и Македонија е постигнат голем прогрес којшто ја доведе Европската комисија до заклучок што се однесува до подготовките за преговири за прием. Важно е исто така да се наведе дека дадовме зелен сигнал што се однесува до визната либерализација за Косово, и се надевам дека Европскиот парламен и Советот на Европа ќе го разгледаат ова прашање во еден краток период, и да започнат со спроведување на визната либерализација за Косово“, додаде Хан.
Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, истакна дека Косово ја врши својата улога да помогне во економското обединување на регионот.
„Имаме тешкотии во слободата на движење. Сè уште имаме тешкотии во слободното движење во Србија, исто така во Босна, додека за да комуницираме со Хрватска ни требаат визи. Ова го прави и потешко економскиот живот. Најлесни релации имаме со Албанија, каде во втората поливина на ноември ќе го одржиме заедничкиот владин состанок“, нагласи Харадинај.
„Косово има свои граници; ги има со Албанија, Црна Гора, Македонија и со Србија. Ние ги почитуваме и треба да ги почитуваме границите кои ги имаме“, додаде косовскиот премиер во врска со прашањето околу дебатата за границите.
Премеирот на Црна Гора, Душко Марковиќ, рече дека важно е да се исполнат ангажирањата кои се преземени во рамки на Берлинскиот процес за регионална интерконекција.
„Денеска ги оценивме постигнатите резултати. Одлучивме и се согласивме акциониот план да биде агенда која ги држи во движење сите, на начин нашите економии да се зголемат уште повеќе“, нагласи Марковиќ.
Македонскиот премиер Зоран Заев, премиерката на Србија, Ана Брнабиќ и претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ, не беа присутни на средбата во Драч.
Дел од оваа средба беа и претставници на Европската банка за обнова и развој, Светската банка и амбасадори акредитирани во Албанија.