САРАЕВО (АА) - Екипите на Аnadolu Agency (АА) во последните пет години од постоењето на сервисот на БХС јазици се на терен, следејќи ги сите важни настани во Босна и Херцеговина и во регионот.
Во ретроспективата претставени се некои од настаните што ги следеа екипите на АА од отворањето на Сервисот на БХС на Anadolu Agency (AA) во Сараево на 11-ти март 2012 година.
Сигурно, еден од најтешките периоди беа поплавите во мај 2014 година. Екипите на Anadolu Agency секојдневно беа на терен во Босна и Херцеговина, во Србија и Хрватска, кога се случија катастрофалните поплави кои не се евидентирани во последните сто години.
Според податоците на Советот на министри на БиХ, околу 950.000 лица во Босна и Херцеговина мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите, а околу 1,5 милиони луѓе беа погодени од оваа природна катастрофа. Според проценките, вкупната штета предизвикана од поплавите изнесуваше 2.04 милијарди евра.
Како резултат на поплавите во Србија животот го загубија 57 лица, 23 се удавија, а евакуирани беа 31.879 граѓани. Причинета беше материјална штета од најмалку 1,5 милијарди евра.
Го следевме и отворањето на меѓународниот аеродром во Приштина, кој е еден од најмодерните во регионот.
Екипата на АА беше на самитот за регионалната соработка во Охрид. Иако претседателскиот самит беше откажан, во Охрид допатуваа министрите за надворешни работи на Србија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора и на други земји од регионот.
Го следевме влегувањето на Хрватска во Европската Унија, која на 1 јули 2013 година стана 28. членка на ЕУ.
Екипите го следеа секојдневно пописот на населението на БиХ, кој започна на 1 октомври и траеше до 15 октомври 2013 година
БХС известуваше за масовните протести на граѓаните на БиХ кои пред институциите протестираа најпрвин за неусвојувањето на државниот закон за Единствениот матичен број, а потоа и за други проблеми во земјата. Тогаш на една ноќ во зградите на институциите граѓаните не ги пуштија да излезат политичарите и службениците, а вестите за „заложништво на политичарите“ го обиколија светот.
Екипите во Белград го следеа погребот на вдовицата на поранешниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито, Јованка Броз.
- Трилатералата во Акара, Путин во Белград -
Од Анкара се известуваше од третиот трилатерален состанок на официјалните претставници на БиХ, Србија и Турција. Тогаш беше потпишана Декларација за важноста од унапредувањето на соработката меѓу државите.
Во Белград се следеше посетата на тогашниот црногорски премиер Мило Ѓукановиќ, кој во Србија пристигна првпат по десет години.
АА ја следевме и посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Белград. Тоа беше првпат по 68 години еден албански премиер да престојува во главниот град на Србија. Од Белград известувавме и од Третиот самит на Кина со 16 земји од централна и источна Европа (CEE). Посетата на Ли Кегианг на Белград беше првата посета на еден кинески премиер на Белград по 28 години.
Во Белград престојуваше и рускиот претседател Владимир Путин по повод 70 години од ослободувањето на главниот град на Србија во Втората светска војна, за што сервисот БХС имаше детални известувања.
Екипата на АА во Црна Гора во 2015 година ги следеше протестите во организација на дел од опозицијата собрана околу Демократскиот фронт, која бараше воспоставување преодна Влада и распишување на предвремени избори.
Во Виена го следевме Самитот на лидери од Западен Балкан.
Екипите на АА го следеа и Самитот на Организацијата за безбедност и европска соработка (ОБСЕ) во Белград, со која во 2015 година претседаваше Србија. Самитот собра 1.000 претставници на делегации и 44 министри за надворешни работи, меѓу кои и држаниот секреатр на САД, Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
Секојдневно ги следевме случувањата околу мигрантската криза во Македонија, Србија и Хрватска. Според податоците на Балканската рута, првенствено низ Македонија и Србија, поминаа над 600.000 мигранти од 107 држави.
Екипите на АА во 2016 година ги следеа предвремените избори во Црна Гора, Србија, Хрватска и во Македонија.
Екипите известуваа и за посетата на папата Франциско на Сараево, на германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Во текот на изминатите години направени се и бројни интервјуа со високи официјални претставници од регионот.
Во изминатите пет години репортерите на БХС сервисот на Anadolu Agency (AA) следеа голем број важни спортски настани од регионот, но и настапите на спортистите од регионот на светските спортски случувања.
За АА ексклузивно од областа на спортот говореа поранешни и актуелни претседатели на ФИФА и УЕФА, како што се Блатер, Инфантино, Платини и Александар Чеферин.
news_share_descriptionsubscription_contact
