Associated Press
17 Јули 2022•Ажурирај: 18 Јули 2022
ЗАГРЕБ (АА) - Кај десетици говеда што се пронајдени угинати во природа, југоисточно од хрватската престолнина Загреб, потврден е антракс, соопштија вчера хрватските власти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Властите извршија тестирање на угинатата стока по пријавата дека говедата развиле невролошки симптоми, соопшти Министерството за земјоделие.
Во соопштението се наведува дека се преземаат сите мерки за да се запре епидемијата во Лоњскиот Регион.
Хрватската државна телевизија ХРТ објави дека се хоспитализирани и 4 лица со лесни симптоми на кожата, додавајќи дека во изминатите две недели угинале 107 говеда.
„Можеме да кажеме дека случајот е под потполна контрола и дека нема место за паника“, соопшти локален функционер за јавно здравство, Инослав Бркиќ.
Антракс е акутна заразна болест на различни животински видови (најчесто заболуваат тревојадите) предизвикана од бактеријата Bacillus anthracis.
Антраксот ретко се шири на луѓе и речиси никогаш не се пренесува од лице на лице. Околу 95 отсто од сите случаи на антракс кај луѓето се резултат на контакт на кожата со заразените животни. Може да се лечи со антибиотици, но може да биде смртоносно за луѓето доколку не се лекува.