Ekip
17 Јули 2022•Ажурирај: 17 Јули 2022
АТИНА (АА) - Украински товарен авион од типот Антонов се урна вчера во северна Грција во близина на Кавала, објави грчката Управа за цивилно воздухопловство, известува Агенција Анадолија (АА).
Авионот полетал од Србија и летал кон Јордан.
„Според првичните информации, пилотот побарал дозвола за итно слетување поради дефект на моторот, но авионот не успеал да стигне до аеродромот. Во еден од моторите на авионот во текот на летот избувнал пожар за кој се верува дека е причина за несреќата“, соопштија официјалните лица.
Авионот се урнал на земјоделско земјиште меѓу две села. Пожарникарите го оградиле подрачјето, бидејќи не е позната токсичноста на авионскиот товар.
На местото на несреќата тим на пиротехничари ќе го испитаат потенцијалниот „опасен товар“.
Засега не е познато колку луѓе имало во авионот, ниту што транспортирал.