Oktaj Omeragikj
01 Април 2021•Ажурирај: 02 Април 2021
СКОПЈЕ
Министерството за здравство на Република Северна Македонија соопшти дека врз основа на податоците добиени од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа во земјата се направени 3.978 тестирања, од кои 1.402 лица биле позитивни на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период оздравеа 761 пациент заразен со коронавирус, со што вкупната бројка на оздравени лица се зголеми на 107.740.
Последните 24 часа тестирани се 3.978 примероци сомнителни на Ковид-19. Досега во земјата се направени вкупно 629.233 тестирања на коронавирус.
Во истиот период кај 1.402 лица е детектиран коронавирусот, со што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 од почетокот на пандемијата во земјата се зголеми на 131.424.
Вкупната бројка на починати во земјата од последици на заразеност со коронависус изнесува 3.810, од кои 29 во последните 24 часа.
Во моментов во земјата има 19.874 активни случаи на заразеност со Ковид-19.