Stipe Majic
31 Јануари 2023•Ажурирај: 02 Февруари 2023
ЗАГРЕБ (АА) – Тројца мигранти загинаа, додека третиот преживеа со изгореници откако избувна пожар во несоодветна просторија за детенција на мигранти во Станицата на граничната полиција „Бајаково“, информираат од Европскиот суд за човекови права, јавува Агенција Анадолија (АА).
Центарот за мировни студии (CMS) во Загреб одржа прес-конференција под наслов „Две недели молк на одговорните“ по повод пресудата на Европскиот суд за човекови права, со која се потврди дека Хрватска ги прекршила човековите права на бегалците и мигрантите што ги држеше во детенција.
Европскиот суд за човекови права во случајот Дараибу против Хрватска на 17 јануари 2023 година потврди дека Хрватска го прекршила правото на живот на момчињата кои биле во просториите на граничната полиција „Бајаково“ и дека не била спроведена ефикасна истрага.
Трите момчиња го загубија животот пролетта 2015 година, откако избувна пожар додека беа во полициски притвор, а преживеаниот, Абдељалил Дараибу од Мароко, се здоби со тешки повреди.
„Европскиот суд за човекови права ја потврди и процедуралната повреда на правото на живот. Со оваа пресуда тој по вторпат го потврди она за што ЦМС со години предупредува: истрагите за казнени дела извршени врз бегалци и други мигранти се неефикасни, што уште еднаш го покажува систематското кршење на човековите права на бегалците и другите мигранти“, изјави Антонија Пиндулиќ од ЦМС.
Пиндулиќ предупреди дека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ јавно не коментирале иако поминале две недели по изрекувањето на пресудата.
„Се работи за луѓе кои денес би биле живи и Абделџалил, кој денес би бил здрав млад човек, доколку хрватските власти ги заштитија нивните животи и безбедност. Владата сè уште и по две пресуди на Европскиот суд за човекови права, илјадници сведоштва, документација, извештаи, снимки и фотографии, не признава дека постои систематски проблем, кога веќе тоа им е јасно на врапчињата на гранка. Ова признание е првиот чекор кон преземање одговорност, а преземањето одговорност е првиот чекор кон систематско решавање на системските проблеми. Кога Владата ќе ја преземе одговорноста за смртните случаи и констатираните повреди на правата на бегалците и другите мигранти?“, изјави Пиндулиќ.
Бегалците и мигрантите, по преминувањето на хрватската граница се сместуваат во гаражи, во простории без соодветни услови, предупредува ЦМС.
„Во 2018 година, Абдељалил Дараибу беше депортиран во Мароко и му беше забранет влез во Хрватска на пет години, бидејќи се сметаше дека е закана за националната безбедност, со што му е оневозможено правото да бара компензација во Хрватска“, изјави Лидија Хорват, адвокатка на Дараибу.
Адвокатката Хорват истакна дека истрагата за случајот со три смртни случаи и тешката повреда на еден мигрант што ја извршиле хрватските власти резултирала со намалување на платата за 10 отсто на еден полицаец поради ненадзор над сместените мигранти, додека другиот службеник беше ослободен.
На телата на тројцата загинати мигранти е извршена обдукција, но процес сè уште не е започнат.
По случајот Хусини, во кој девојката Мадина загина на шините, ова е втор судски процес во кој Хрватска е прогласена за виновна поради постапувањето кон мигрантите и бегалците пред Европскиот суд за човекови права.