AA
30 Јануари 2023•Ажурирај: 01 Февруари 2023
ПОДГОРИЦА (АА) - Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на Црна Гора и лидер на Демохристијанското движење, Дејан Вукшиќ, ќе биде кандидат на партијата на изборите за претседател на Црна Гора, што ќе се одржат на 19 март, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вукшиќ на прес-конференцијата рече дека е подготвен да разговара за начинот на соработка со партиите кои се нивни природни сојузници.
„Како и за начинот на заедничко дејствување, за да зададеме заеднички удар на ретроградните структури против кои заедно се бориме“, изјави Вукшиќ.
Тој рече дека никому ништо не должи, освен на државата и дека не добива инструкции од никого.
Вукшиќ изјави дека Демохристијанското движење почнува активно да работи.
„Приоритет ќе биде христијанското помирување на Србите и Црногорците. Ова не е флоскула, туку предуслов за заздравување на општеството“, рече Вукшиќ.
Како што наведе, решението е целосно згаснување на спротивставените блокови.
Според Вукшиќ, граѓаните можат да се поделат на професионални, храбри и чесни и оние кои не се.
„Ние не сме движење кое ќе биде неопределено, граѓаните ќе знаат за што се залагаат со нас“, рече Вукшиќ.
Тој изјави дека приоритет ќе биде промената на изборното законодавство и дека ќе се залага за воведување отворени листи.
Претседателските избори се закажани за 19 март, а рокот за поднесување кандидатури е 26 февруари.