Admir Fazlagic
10 Октомври 2016•Ажурирај: 11 Октомври 2016
СКОПЈЕ (АА) - Собраниската Комисија за одбрана и безбедност денеска го прифати предлогот за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба, заради, како што се наведува во предлогот, зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Со продолжувањето на рокот за кризна состојба се предвидува обезбедување континуитет во вршење на активностите на АРМ и безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи, во функција на обезбедување, заштита и чување на државната граница, во времетраење до 30 јуни 2017 година.
За Предлог - одлуката треба да се изјасни и Собранието на пленарна седница.