Furkan Abdula
12 Јули 2017•Ажурирај: 13 Јули 2017
ОХРИД (АА) - Во Извидничкиот центар во Охрид се одржува осми по ред Меѓународен извиднички камп на кој учествуваат повеќе од 400 учесници од земјите од регионот и Турција. Кампот се одржува во организаицја на Турската асоцијација Калкан, а со поддршка на Турската агенција за развој и координација (ТИКА), јавува Anadolu Agency (AA).
Координаторот на ТИКА во Скопје, Ајтекин Ајден во изјава за АА истакна дека Меѓународниот летен извиднички камп кој оваа година се организира по осми пат со поддршка на ТИКА, се организира во рамки на активностите за „15 јули – Победа на демократијата", по повод одбележувањето на првата годишина од неуспешниот обид за воен удар во Турција, за кој е одговорна терориситчката организација ФЕТО.
Ајден нагласи дека ваквите активности се показател на желбата за заедништво на различните нации.
„Оваа активност има големо значање особено во развојот на младите, во развој на свеста за соработка“, рече тој.
Ајден апелираше до младите да не „потплаѓаат во мрежата на ФЕТО", и додаде дека во рамките на извидничките активности за младите се организираат и активности за подигнување на свеста за терористичката организација ФЕТО.
Во рамките на извидничкиот камп организирани се голем број извиднички активности, меѓу кои и развивање на лидерските вештини и способности, спортски и културни настани.
Во знак на сеќавање на 15. јули, ќе има и пешачки марш кој ќе започне од извидничкиот центар до Калето во Охрид.
Извидниците од Македонија и земјтие од регионот, велат дека им претставува задоволство што ја имаат можноста да запознаат нови луѓе, стекнат нови пријателства, како и размена и стекнување на нови искуства со учесниците на овој настан од спортски, информативен и забавен карактер.
Меѓународниот извиднички камп започна вчера, а ќе трае до 13. јули. Овој камп е само една од многубројните информативни, културни и научни активности кои во Македонија овие денови се организираат по повод одбележувањето на првата годишнина од неуспешниот обид за воен удар кој во Турција се случи на 15. јули минатата година.