Admir Fazlagic
12 Јули 2017•Ажурирај: 13 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - Премиерот на Република Зоран Заев кој учеествува на четвритот Самит на лидерите на Западен Балкан во Трст, Италија истакна дека за Република Македонија, ова е важен настан. Заев посочи дека Самитот во Трст, зборува за перспективите на целиот регион за Западен Балкан кон Европската Унија, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Јас сум многу среќен заради тоа што сите овие состаноци кои што овде се одржуваат, оставаат сериозен впечаток дека има одлична европска перспектива Република Македонија и за регионот на Западен Балкан. Пораките што овде ги добиваме, а и што ние ги испраќаме, дека ќе го поддржиме целиот овој процес, ќе соработуваме за да може да напредува регионот, секако сам за себе, но и за перспективите кон Европската Унија", изјави Заев за медиумите.
Тој посочи дека состаноците коишто се одржуваат во рамките на самитот, не само што ќе ја зголемат комуникативноста, поврзувањето, транспортот, соработката, економијата, помеѓу сите овие земји, туку, истакна оти верува дека ќе испратат дополнително силен сигнал кон европските институции, фокусот на Европа сè повеќе да биде насочен кон самиот регион, поддржувајќи го самиот регион, за навистина вредностите, севкупни економски, квалитативни на целиот овој регион, да се приближуваат кон вредностите коишто Западна Европа ги познава.
„Само на тој начин ќе се забрзаат сите процеси кон целосна интеграција на Република Македонија кон Европската Унија", додаде Заев.
Тој денеска во Трст се состана со премиерите на Албанија и на Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, со кои разговараше за билатералните односи на Македонија со овие земји, начините за нивно унапредување, како и за актуелните прашања од регионот.