Dzihat Aliju
06 Април 2017•Ажурирај: 10 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје е отворен 7. Меѓународен саем за туризам „Скопје травел маркет“, јавува Anadolu Agency (AA).
На просторот на Скопскиот саем, во рамките на Саемот за туризам, покрај учеството на голем број домашни и странски туристички агенции, хотелиери и центри за забава, можат да се забележат и штандови за промоција од различни земји.
На саемот беше отворен и штандот на Советништвото за култура и промоција при амбасадата на Република Турција во Македонија.
На отворањето, покрај големиот број претставници на турските институции и организации во Македонија, учестуваа и голем број поканети гости.
Хакан Озчелик, советник во турската амбасада, за култура и промоција, на новинарите им изјави дека и оваа година на саемот учествува со свој штанд.
Советникот Озчелик во своето обраќање истакна дека Турција е туристичка земја, која годишно е домаќин на 40 милиони туристи, со што се наоѓа на 6. место во светот.
Советникот Озчелик посочи дека Турција е мошне важна туристичка дестинација.
„Сите овие се поволни дестинации за туризам. Имаме многу квалитетни објекти, поволни за туризам. Од аспект на туризмот, во Турција се нудат многу квалитетни услуги. И цените се многу поволни, споредено со другите алтернативни држави. Сите овие нешта на полето на туризмот, Турција навистина ја прават една од водечките земји во светот“, додаде тој.
Покрај туристичката презентација, на штандот на Турција, уметникот во дување стакло, Феридун Пекеш, им ги претстави своите уметнички вештини на посетителите.
Саемот за туризам во Скопје ќе биде отворен за посетителите до 8 април.