Балкан

Одбележување на христијанскиот празник Водици во Скопје

Од 140-те кандидати кои се бореа да го фатат крстот во ладните води на реката Вардар, најуспешен беше 25-годишниот Кристијан Ниневски од Скопје, кој успеа да го фати крстот.

Husameddin Gina  | 19.01.2019 - Обновена : 20.01.2019
Одбележување на христијанскиот празник Водици во Скопје (Foto: Husameddin Gina/ AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) – По повод православниот празник Водици, денеска напладне во водите на реката Вардар во Скопје, 140 кандидати се фрлија по крстот кој во водите го положи поглаварот на Македонската православна црква, г. г. Стефан, јавува Anadolu Agency (AA).

Од 140-те кандидати кои се бореа да го фатат крстот во ладните води на реката Вардар, најуспешен беше 25-годишниот Кристијан Ниневски од Скопје, кој успеа да го фати крстот.

Ниневски првпат го фаќа крстот, а веќе шест години учествува на традиционалната манифестација што во Скопје се организира по повод празникот Водици.

Во изјава за медиумите, Ниневски посака здравје и среќа за сите. На оваа денешна церемонија присуствуваа илјадници граѓани од Скопје.

Церемонијата на фрлање на крстот се одржа и низ бројни населени места низ Република Македонија.

Според христијанското верување, се смета дека на овој ден сите води се крстени, и дека оној што ќе го најде крстот, ќе го следи среќа и бериќет во текот на целата година.

Водици е ден на кој според христијанското учење Св. Јован Крстител го крстил Исус во реката Јордан. Со овој празник завршуваат не само дванаесетте „некрстени денови“, туку и циклусот зимски празнувања, во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Василица и други празници. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.