Andelija Stojkovic
27 Март 2021•Ажурирај: 30 Март 2021
БЕЛГРАД (АА) - Филмскиот актер, пејач и композитор Зафир Хаџиманов (78) почина од последици предизвикани од коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Веста за неговата смрт ја пренесе Радио-телевизија Србија.
Хаџиманов е роден во 1943 година во Кавадарци, Северна Македонија. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград во 1967 година.
Играше во многу филмови, настапи во многу театри и имаше пејачка кариера, а на фестивалот во Опатија во 1965 година го освои првото место со песната „Зошто доаѓаш само со дожд“ и четири години подоцна го изведе познатиот евергрин „Беше мај“.
Како пејач настапуваше и во странство, особено во Советскиот Сојуз.
Беше оженет со пејачката и актерка Сенка Велетанлиќ, со која го има синот Васил Хаџиманов, познат џез музичар.