Ekipa
27 Март 2021•Ажурирај: 28 Март 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 1.320 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 126.230, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 35 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 3.642.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 514 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 104.345.
Моментално, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 18.243.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.738 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 612.694 тестирања.