Балкан

Од последици на Ковид-19 почина Тони Николовски, поранешен снимател во Агенција Анадолија

Николовски работеше како снимател во Агенција Анадолија (АА), Сервисот на македонски и Сервисот на албански јазик во Скопје, од 2015 до 2020 година.

Ekip  | 09.04.2021 - Обновена : 11.04.2021
Од последици на Ковид-19 почина Тони Николовски, поранешен снимател во Агенција Анадолија ( Фото: Фејсбук )

СКОПЈЕ

Од последици од коронавирусот (Ковид-19) почина Тони Николовски, поранешен снимател во Агенција Анадолија (АА) во претставништвото во Скопје.

Николовски работеше како снимател во Агенција Анадолија (АА), Сервисот на македонски и Сервисот на албански јазик во Скопје, од 2015 до 2020 година.

Вработените на АА ќе го паметат Николовски како колегијална и професионална личност, која со својот работен ангажман даде придонес за АА.

Тони Николовски беше роден на 24.8.1964 година во Битола.

Агенција Анадолија изразува искрено сочувство до семејството на починатиот и до сите колеги.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.