Балкан, Коронавирус

Од Ковид-19 во Северна Македонија починаа 4 лица, регистрирани 408 нови случаи

Министерството за здравство соопшти дека од последици предизвикани од Ковид-19 починати се 4 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од овој вирус во земјата се искачи на 850

Ekipa  | 20.10.2020 - Обновена : 21.10.2020
Од Ковид-19 во Северна Македонија починаа 4 лица, регистрирани 408 нови случаи

СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 408 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи во овој вирус во земјата се искачи на 24.196, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство соопшти дека од последици предизвикани од Ковид-19 починати се 4 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од овој вирус во земјата се искачи на 850.


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 281 оздравен пациент од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од овој вирус изнесува 17.673. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.673.



Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.140 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 223.922 тестирања на овој вирус.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.