Турција, Коронавирус

Во Турција регистрирани уште 1.894 случаи на Ковид-19

Во изминатото деноноќие евидентирани се уште 1.512 оздравени пациенти, зголемувајќи го бројот на излекувани од вирусот на 306.939, додека бројот на починати се искачи на 9.445.

Ahmet Gençtürk  | 20.10.2020 - Обновена : 21.10.2020
Во Турција регистрирани уште 1.894 случаи на Ковид-19

АНКАРА (АА) - Во Турција во изминатите 24 часа регистрирани се уште 1.894 нови пациенти заразени со коронавирусот Ковид-19, покажуваат најновите податоци на турското Министерството за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 351.413.

Во изминатото деноноќие евидентирани се уште 1.512 оздравени пациенти, зголемувајќи го бројот на излекувани од вирусот на 306.939, додека бројот на починати се искачи на 9.445.

Извршени се 116.565 тестирања за Ковид-19, со што вкупниот број на реализирани тестирања во земјата достигна над 12,64 милиони.

Бројките покажуваат дека бројот на пациенти во критична состојба во моментов изнесува 1.545, а 5,6 отсто од пациентите оваа недела развиле пневмонија.

„Додека нашите здравствени работници настојуваат да лекуваат пациенти, ние треба да им помогнеме преку почитување на мерките“, порача турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа преку Твитер, повикувајќи на почитување на мерките за спречување на ширењето на вирусот.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın