Fatjon Cuka
18 Април 2018•Ажурирај: 18 Април 2018
ТИРАНА (АА) - Високата претставнична на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Федерика Могерини, денес допатува во посета на Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини, во рамките на нејзината посета на Албанија, оствари средба со претседателот на оваа земја, Илир Мета, која беше без присуство на медиумите. Нејзината посета се реализира откако Европската комисија донесе одлука за препорака за отворање преговори за членство на Албанија во ЕУ.
Могерини се состана и со премиерот на Албанија, Еди Рама, а по оваа средба ќе одржат заедничка прес-конференција.
Могерини денес ќе ја посети и Македонија.