Furkan Abdula
31 Јули 2018•Ажурирај: 01 Август 2018
БООГОВИЊЕ (АА) - Младите волонтерки учеснички во „Програма за споделување искуства - Македонија 2018“, организирана од страна на турската Агенција за соработка и координација (ТИКА), во соработка со „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines), Anadolu Agency (AA), и Турската радио телевизија (ТРТ), ги започнаа активностите во Македонија.
Студентките во овие рамки го посетија село Урвич во општина Боговиње каде учествуваа на примо-предавањето на маси и столчиња донирани од страна на Меѓународниот Балкански Универзитет (ИБУ).
Координаторот на ТИКА во Скопје, Ајтекин Ајден, во изјавата за медиумите, истакна дека во рамките на програмата, оваа година испратиле 500 студенти во 30 земји. 12 студентки како дел од програмата се во посета на Македонија каде ќе престојуваат околу 5-6 дена.

Координаторот на ТИКА Ајден нагласи дека студентките ќе добијат сериозно искуство во социјалните и културни активности во кои ќе учествуваат, и додаде дека во тие рамки, денес донирале маси и столови од стариот кампус на ИБУ.
„Нашите студентки во рамки на програмата го посетија и здравствениот дом во село Урвич којшто во изминатите месеци беше реставрирана од страна на ТИКА“, рече Ајден, истакнувајќи дека утре ќе донираат едно возило за транпорт на посетителите на Бања Банско во Струмица.
„Ќе реализираме програма за наводнување во комеморативниот парк „Шехидите на 15 јули“ којшто се наоѓа во спомен куќата на Али Риза Ефендија во село Коџаџик. Потоа заедно со извидничкото здружение од Тетово ќе биде спроведена извидничка активност на Шар планина, а во недела завршува ‘Програмата за споделување искуства’ “, додаде тој.
Членот на управниот одбор на ИБУ, Имер Селмани, информираше дека во соработка на ТИКА и ИБУ, денес донирале 82 маси и 82 столови за училиштето во село Урвич, давајќи придонес во подобрување на стандардите на училиштето.
Селмани рече дека еден од приоритетите на ИБУ е давање придонес во подобрување на стандардите на училиштата. „Но наш најголем приоритет е давање максимален придонес во подобрување на условите на наставата во местата како што е Урвич, ова планинско село“, истакна тој, изразувајќи задоволство од реализацијата на проектот.

Ерванур Ердоган, студентка во универзитет Абант Изет Бајсал во Турција, упати благодарност до ТИКА и ИБУ што овозможија да се реализира овој проект. „Тука имавме прилика да видиме искреност и скромност. Од блиску ги видовме односите меѓу двете земји. Ги посетивме реставраторските центри, како и проектите кои ќе бидат реставрирани. Тука бевме заедно со децата“, нагласи таа.
Ќубра Јуџеер, друга учесничка во програмата, студентка на универзитетот Јилдирим Бејазит во Турција, го истакна своето задоволство од многу добриот прием. „Среќни сме што се сретнавме со нашите сонародници кои се наоѓаат со километри далеку од нашата земја. Многу сме горди од активностите кои денес се реализираа тука“, додаде Јуџеер.