Medin Haliloviç
01 Август 2018•Ажурирај: 02 Август 2018
БЕЛГРАД (AA) - Граничната полиција на Србија на граничниот премин Димитровград, кон Бугарија, заплени 590 килограми марихуана и уапси две лица, потврдено е утрово од Министерството за внатрешни работи на Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата во камион со хрватски регистарски ознаки со кои управувал државјанин на БиХ, М. К. (1962) пронајде 292 пакети со вкупна тежина од 316 килограми, а во камион со срспки регистарски ознаки со кои управувал М. С. (1967), 253 пакети, со вкупна тежина од 274 килограми.
Поради основано сомнение дека извршиле кривично дело недозволено производство и ставање во промет на опојни дроги, осомничените, врз основа на кривична пријава, ќе бидат приведени во надлежното обвинителство.