Zylfije Adem Jakupi
25 Септември 2021•Ажурирај: 26 Септември 2021
ПРИШТИНА
Министерот за внатрешни работи на Косово информираше дека синоќа во еден часот по полноќ во криминален акт со елементи на тероризам предизвикан од сомнителни лица изгорел Центарот за регистрација на возила, што се наоѓа во објектот на Општината Зубин Поток, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, наведе дека косовската полиција веднаш излегла на местото на настанот и дека набргу ќе имаат повеќе информации.
„Исто така, нападнат е и Центарот за цивилна регистрација во Звечан, каде што се сомнева и на експлозивно средство. Овие криминални дејствија покажуваат најдобро што ќе се случува на граничните премини Јарине и Брњак доколку нема присуство на специјалните единици кои го гарантираат редот и безбедноста“, наведе Свечла.
Тој истакна дека МВР на Косово со своите агенции е ангажирано за редот, безбедноста и владеењето на правото и претставува „гарант на суверените одлуки на Владата на Косово и покрај таквите дела, ќе продолжи со целосна ангажираност за применување на одлуката на целата територија на Република Косово“.
Свечла ги повика граѓаните на северот од земјата да ги почитуваат законите и да не бидат раководени и диригирани или манипулирани од страна на оние што профитираат политички или материјално, само благодарение на тензиите.
Српските граѓани од северниот дел на Косово веќе шести ден ги блокираат патиштата што водат кон граничните премини Јарине и Брњак, во знак на протест поради одлуката на Владата на Косово за воведување реципрочни мерки за задолжителни пробни таблички за возилата со регистарски таблички од Србија, како и за укинување на табличките КС и табличките со кратенки на градовите во Косово што ги издава Србија, а кои се илегални на територијата на Косово.