Zlatan Kapic
02 Август 2017•Ажурирај: 02 Август 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, во Подорица изјави дека САД остануваат приврзани за Западен Балкан, изразувајќи надеж дека денешниот самит на шефовите на владите на земјите од регионот ќе придонесе за јакнење на врските меѓу овие земји и Америка, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ќе ги продолжиме разговорите за тоа како да ја зајакнеме нашата билатерална соработка и за тоа како САД сѐ уште можат да го поддржат Западен Балкан”, изјави Пенс во заедничката изјава за новинарите со црногорскиот премиер Душко Марковиќ.
Тој изрази уверение дека иднината на Западен Балкан е на Западот.
„Цврсто веруваме дека иднината на Западен Балкан е на Западот. Затоа и денес ќе разговараме за јакнење на врските меѓу Европската Унија, Западен Балкан и САД”, додаде Пенс.
Црногорскиот премиер Марковиќ изјави дека денешниот ден е показател дека во меѓународната заедница не постојат големи и мали кога станува збор за припадноста на идеали.
Шефовите на владите на земјите од регионот се денес во Подгорица на Самитот на Јадранската повелба.