Andelija Stojkovic
02 Август 2017•Ажурирај: 03 Август 2017
БЕЛГРАД (АА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес се сретна со воена делегација од Соединетите Американски Држави, и оцени дека соработката во областа на одбраната е многу развиена и претставува најдобриот дел на севкупните односи меѓу двете земји, пренесува Anadolu Agency (АА).
Како добар пример, Вучиќ ја наведе соработката со Националната гарда на Охајо, додавајќи дека соработката која се остварува преку Државната програма за партнерство е важна и за мирот и стабилноста во регионот, „на што Србија е искрено посветена и дава сестран придонес".
За време на разговорите, се дискутирало и за ситуацијата во регионот, а претседателот Вучиќ истакна дека мирот и стабилноста во регионот на Западен Балкан, како и економскиот напредок на земјата, се приоритети на политиката на Србија, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот.
Делегацијата на САД ја сочинуваат 21 бригаден генерал и контра-адмирал кои неодамна се унапредени во генералали, а делегацијата ја предводи претходниот командант на силите на НАТО во Европа, пензионираниот генерал Филип Бридлав.